Сојузот на средношколци за наредната недела најави протест пред Владата и Министерството за образование против одлуката новата учебна година од септември да се одвива он-лајн. Тие веќе му предложиле на МОН комбиниран модел, што подразбира настава со физичко присуство таму каде што дозволуваат здравствените услови.

Министрите за здравство и за образование, Венко Филипче и Арбр Адеми веќе најавија дека од прво до трето одделение наставата ќе се одвива во училиште, а останатите и средните училишта ќе ја следат наставата он-лајн. По барање на одредени општини, ќе се разгледува одделно можноста и учениците од трето одделение па нагоре, наставата да ја следат во училници.

Владата ја прифати сугестијата на претставниците на Сојузот на средношколците за нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците.

И покрај тоа средношколците најавија протестен марш од МОН до зградата на Владата за в петок.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here