Владата ги повикува граѓаните да летуваат во „својата земја“ меѓутоа рекламната фотографија на кампањата “Дома си е дома“ не е направена во земјава туку во Германија.
.
Британскиот фотограф Симон Мигај реагираше на кражбата на негово авторско дело кое власта го користи за владината предизборна кампања.
Фотографот кој работи во Лондон иронично пишува дека “умира” поради тоа што неговата фотографија од Езерото Кенигс станала популарна во политичката кампања во Македонија.
Лавина од реакции се појавија и на социјалните мрежи. Инаку преку кампањата „Дома си е дома“ владата ги повикува граѓаните летниот одмор да го поминат во Македонија.