Како што може да се види на сликите станува збор за „тунел“ кој е врвна градба. Сѐ уште не е сигурно дали позади изградбата на овој „проект“ стои локалната самоуправа со домаќинското работење и огромното искуство во градежништвото на нашиот градоначалник или е самоиницијативно изграден од граѓаните.
Се повеќе сме сигурни дека позади ова стојат граѓаните бидејќи доколку беше проект на Општината, повеќе од сигурно е дека немаше да биде завршен најмалку за една година. Па дури и ваква револуционерна метода која е премногу комплицирана за локалната самоуправа.
Почитувани, смеата на страна. Немојте да се чудите од вакви појави кои се случуваат во Штип. Допрва ќе се случуваат, бидејќи вие како власт ги поттикнавте граѓаните на истото. Граѓаните не се виновни за ништо, тие само се адаптираат на условите што вие сте им ги створиле.
Граѓаните се заборавени од ваша страна. А колку државата се грижи за граѓаните толку и граѓаните се грижат за државата. На 45 степени нема градски базен, нема повеќе од две градски чешми на територијата на цел град и ниту едно градско WC.
А со делење на вода по улиците ве молам немојте, така правеа и претходните. Не ги потценувајте граѓаните!
Прво на чешмите напишавте водата е богатство а потоа им ги затворивте со пломба, бидејќи вие сте добро познати по домаќинското работење и штедењето.
Многу заштедивте. Очигледно е единствено што не успеавте е да го заштедите народот. Го изгубивте по другите држави!