Граѓанско Демократската Унија денес ја извести јавноста преку нивниот официјален Фејсбук профил, за официјална кандидатура на Михаил Трендафилов-Нанче.

Во продолжение проследете го нивното соопштение во целост …

Почитувани,

Би сакале да ве информираме дека денеска ги поднесовме документите за учеството на нашиот кандидат за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, на вонредните локални избори. Со поднесувањето на документите веќе и официјално нашата партија влегува во трката за градоначалничкото место во градот Охрид.

Како партија која се залага за промена на начинот на водење на политика познат досега во нашата земја, ќе се погрижиме нашиот кандидат да понуди реална програма со проекти, коишто ќе бидат во интерес на oхриѓани. Ќе покажеме дека на полето на политичката борба, може да се успее и без ситни пазарења и лаги. Нашиот кандидат Михаил Трендафилов-Нанче веќе и официјално ја бара довербата на охриѓани за да им докаже дека функцијата градоначалник може да се извршува домаќински и чесно.

Со почит,
Граѓанско Демократска Унија- ГДУ

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here