Утре, во 11 часот, во новите простории на локалниот огранок н Граѓанско Демократска Унија, (ГДУ) за Охрид, ќе се одржи прес- конференција на оваа политичка партија формирана летото 2017 година.

Целта е, како што се наведува во поканата, да ја промовират нивната нова канцеларија во градот Охрид, но и да го претстават нивниот кандидат за градоначалник на општина Охрид.

– ГДУ за прв пат ќе понуди кандидат за градоначалник, а воедно и една поинаква кампања и програма за подобар Охрид. Граѓанско Демократската Унија како политичка партија е прва која ќе го обзнани својот кандидат за градоначалник на Охрид, стои во најавата.

Повеќе детали се најавени за прес- конференцијата.

Членови и основачи на оваа партија се Петар Колев, кој се потпишува како лидер, поранешен претседател на Здружението  “Македонско Бугарско пријателство” со актуелниот потпретседател на ова здружение Ѓорѓи Трендафилов, поранешен пратеник и претседател на ВМРО НП.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here