ГДУ преку социјалните мрежи се обрати до јавноста, апелот е упатен, па сега се чека реакцијата од надлежните.

Почитувани,
Вчера, загаденоста на воздухот во Штип беше на високо ниво. Облакот кој што беше симнат над нашиот град не загрижи сите. Отежнато дишење, печење на очите и непријатен воздух се чувствуваше низ целиот град. Дали некој ја знае причината за загаденоста на воздухот во Штип? Дали треба да ги затвориме прозорците и да седиме дома за да си го зачуваме здравјето?
Прашања до надлежните органи:
– Додека граѓаните се гушеа дали забележавте дека воздухот е загаден?
– Дали можете да ни објасните на што се должи оваа загаденост?
– Дали е се во ред со квалитетот на градскиот воздух?
– Што се случува и од каде доаѓа чадот?
Сериозна власт се грижи за најскапоценото нешто а тоа е здравјето на граѓаните!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here