Со цел поддршка на Република Северна Македонија при справување со пандемијата од ковид-19 и директна помош на граѓаните, амбасадорката Анке Холштајн потпиша договори за донација за ЈЗУ Клиничка болница-Штип, ЈЗУ Општа болница-Куманово, Здравствен дом-Гостивар и ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“-Прилеп, со вкупна вредност од 152 000 евра.

Анке Холштајн, амбасадорка на Германија
Македонските здравствени установи ќе ги искористат овие средства за набавка на медицинска опрема и амбулантни возила.

Амбасадата им се заблагодарува на НВО Фондација за локален економски развој од Штип, НВО Центар за рурален развој „Бујрум“ од Куманово, НВО Европски центар за развој, толеранција и соработка од Гостивар, НВО Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп за соработката при имплементација на овие проекти.

Финансиската поддршка од малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here