Според извештаите во медиумите, САД се обиделе да дојдат до оваа вакцина што во март предизвика политичка реакција во земјата па германските власти изразија желба КјурВак да остане германска фирма.

Германската компанија КјурВак соопшти дека нејзината експериментална вакција против видот на коронавирус предизвикува имунолошки одговор кај животните на кои им е администрирана мала доза.

Компанијата најави дека има намера да тргне со испитување врз луѓе во јуни бидејќи сегашните резултати покажуваат дека нивниот „кандидат за вакцина може да предизвика силен имунолошки одговор на неутрализација на вирусот САРС-КоВ-2.

Претприемачот Дитмар Хоп, е коосновач на КјурВак и сопственик на повеќе од 80% од уделите, пишува Ројтерс.

За вакцината заинтересирани и САД?

Според извештаите во медиумите, САД се обиделе да дојдат до оваа вакцина што во март предизвика политичка реакција во земјата па германските власти изразија желба КјурВак да остане германска фирма.

Раководството на КјурВак демантираше дека примало понуди од САД.

Компанијата со седиште во Тибинген, кое е поддржано од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, претходно веќе најави дека се надева до јуни или јули да се развие вакцина во таа мерка што ќе може да се тестира на луѓе.

Компанијата КјурВак користи таканаречен пристап на гласничка РНК (мРНК), исто како и нејзините соперници БионНТеч и неговиот партнер Фајзер и Модерна, кои покренаа тестирање врз луѓето.

Компанијата Транслат Био и нејзиниот партнер Санофи исто така прават вакцина која се темели на гласничка РНК.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here