Денес во ТВ дуел Апасиев и Ангелов ги соочија своите аргументи и факти пред македонската јавност. Храброста на Стојанче да се спротистави на професорот Апасиев му се удри од глава, затоа што гладијаторскиот диктатор го собори самопрогласениот генерал.

Стојанче Ангелов во неколку наврати напомена дека Македонија е мала земја и заради тоа треба да свиткаме кичма пред албанците, американците, ЕУ и НАТО. Покрај ова Ангелов без срам и перде го прогласи Заев за наследник на Гоце Делчев, човекот кој го промени името и идентитетот на државата Македонија, го спореди со Делчев кој го дал животот за сопствента земја и народ.

Свитканата кичма на генералот треба да го дотолчи ваквиот политичар кој леже и јаде во фотелја од грбот на македонскиот народ.

Апасиев уште еднаш најави дека ќе влезе во коалиција со партијата која ќе го поништи Преспанскиот договор, најави казна затвор за Никола Димитров и лежење во Шутка за сите оние кои од оваа држава направија да личиме на “тутурутка”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here