Нашиот репрезентативен капитен, Горан Пандев денеска беше херојот на Џеновa во победата против Јувентус, за кој ова е прв пораз оваа сезона во Серија А.

Кога сме кај Горан Пандев и Јувентус, се чини дека на струмичанецот му лежи Старата дама и многу чесно знае да биде човек на одлука на тие натпревари.

Така беше и денеска, гол и асистенција за победа од 2:0 и прекин на серијата од скоро десет месеци без пораз за Јувентус во Серија А.

Еве една компилација од Топ 5 погодоци на Пандев против Јувентус. Уживајте.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here