Поранешна плејбој зајачица за руското издание на Плејбој Вивиен Чене е личноста која се фотографирала со екс премиерот Никола Груевски на бизнис забавата во Будимпешта.
Атрактивната Вивиен по професија е економистка, но е позната како инфлуенсерка и модел фриленсер.
На нејзиниот инстаграм профил, каде објавува професионални фотографии од неа и рекламира производи, има над 35.000 следбеници.
На забавата, покрај со Груевски, екс Плејбој зајачицата може да се забележи дека се сликала и со голем број од останатите гости.