Училиштата во Данска, кои беа затворени месец дена заради епидемијата на коронавирусот, утрово се делумно отворени, јавува агенцијата „Франс Прес“.

Данска е првата европска земја која повторно ги отвори своите предучилишни установи и ословни училишта по воведувањето на рестрикциите на 12 март.

Наставата се продолжува во половина од данските општини и во 35% од установите во Копенхаген.

Останатите побарале повеќе време за прилагодување на правилата за здравствена заштита.

Се очекува дека сите предучилишни установи и училишта ќе бидат отворени до 20 април.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here