Денеска пратениците ќе гласаат за измени на собранискиот деловник во кој има неколку измени.

Суштинските измени на собранискиот Деловник со месеци чекаат за да бидат усогласени меѓу политичките партии од власта и опозицијата кои партиципираат во Собранието, а денеска на собраниска седница се ставени измени со кои треба да се регулира промената и името на државата и користењето на албанскиот јазик во Собранието.

Печатот на Собранието ја задржува тркалезната форма, а во средината околу него е натписот: “Република Северна Македонија – Собрание на Република Северна Македонија – Скопје.

Печатот е испишан на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо, односно албанскиот јазик.

Со измените на Деловникот легитимациите и картичките за електронско гласање на пратениците, ќе се издавааат на македонски како и досега и на албански јазик ако така побараат пратениците.

Стенографските белешки од седница на Собранието и од седници на работни тела, како и другите материјали и документи ќе се издаваат и се чуваат и на албански јазик, а не само на македонски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here