Некогашните другари Боки 13 и Катица се обвинети откако бизнисменот Орце Камчев кој е обвинет во истрагата за предметот „Империја“ наведе дека бил принуден на Јанева и Јовановски да им даде милион ипол евра за да му ја олеснат положбата во истрагата.
Првпат во историјата на државата ќе биде објавена пресуда против обвинител, односно против поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.
– Сметам дека сум невина и не сум го сторила делото и се срамам што сум дел од обвинение за кое се покажа дека е клевета, затоа што не постојат никакви докази за делото, изјави Јанева, во завршниот збор за случајот „Рекет“.
Пресудата ќе биде објавена во големата сала на Врховниот суд на Република Македонија, информираат од Кривичен суд Скопје, бидејќи се очекува да присуствуваат голем број медиумски екипи.