Во малото населено место Нивици на грчката страна на Преспанското Езеро точно пред две година министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот поранешниот грчки колега Никос Коѕијас ги ставија своите потписи на Преспанскиот договор, со кој се реши долгогодишниот проблем со името на нашата држава.

Се соочивме со најголемиот проблем, за многумина нерешлив, се вложивме целосно и мислејќи на идните генерации, пред две години покажавме дека чудата се возможни. Зборовите на медијаторот, Метју Нимиц, „по Преспа никој не може да спори дека во Северна Македонија живеат Македонци, кои говорат македонски јазик” се најдобар доказ за исполнувањето на нашата мисија, порача шефот на дипломатијата Никола Димитров во изјава за МИА по повод две годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Димитров денеска во присуство на премиерот Оливер Спасовски и министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми по тој повод ќе го посетат Преспанскиот регион.

-Го избравме правиот пат, што за само две години ни го донесе членството во НАТО и пристапните преговори со ЕУ. Конечно се ослободивме од навредливата придавка „бивша” или „поранешна” и го финализиравме процесот и државната лична карта во светското семејство на ОН, вели Димитров.

Низ целиот целиот процес на постигнување на компромисот, а и по потпишувањето Димитров и Коѕијас се обидуваа да покажат дека тоа што е договорено е од корист за двете држави. Тиеа беа архитеките на Договорот, ги усогласуваа ставовите, особено откако преговорите се подигнаа на ниво на шефови на дипломатии.

За личната посветеност кон Договорот од Преспа, фондацијата „Фридрих Еберт“ денеска му додели Награда за човекови права на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Според Фондацијата, Заев е награден за личната посветеност кон Договорот од Преспа и неговите проевропски заложби за слободно и отворено општество.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here