Советот на безбедност денеска ќе одржи седница кај претседателот Стево Пендаровски на која се очекува да се расправа за тоа дали ќе има ново продолжување на вонредната состојбата.

Седницата е закажана напладне во 12 часот, по што Пендаровски треба да одлучи дали ќе даде ново продолжување за што е најавено и негово обраќање.

Покрај постојните членови на Советот, во претседателската вила на Водно треба да се појави и министерот за здравство, Венко Филипче.

Денеска е последниот ден од последната вонредна состојба, која претседателот ја прогласи на 15 мај во времетраење од 14 дена.

Претходно, почнувајќи од 18 март имаше уште две одлуки за вонредна состојба, кои важеа по 30 дена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here