Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на ковид-19.
Институтот за јавно здравје денес евидентира 50 лица оздравени од Ковид-19. Со спроведени 533 коронатестови, во последните 24 часа се регистрирани 22 нови заболени, а од досегашниот скрининг на вработени во градинки, само еден позитивен случај од 908 тестови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти.
– Скопје 16
– Куманово 10
– Прилеп 6
– Тетово 15
– Велес 1
– Крива Паланка 1
– Валандово 1
Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на ковид-19.