Вчера околу 20,15 часот на магистралниот пат А-3 Велес-Штип, кај с.Кадрифаково-Свети Николе, се случила сообраќајна незгода во која З.М. (56) од Штип , управувајќи товарно моторно возило ,,Ивеко“ со штипски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.А. (21) од с.Ерџелија-Свети Николе.
Л.А. бил пренесен во Медицински центар Штип каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во Ургентен центар Скопје.