Дејви Коцев најави нова песна и освежување на македонската сцена.
Овој четврток (11.07.2019) во штипскиот клуб “Сцена”, со почеток од 21.00 часот, стартува дружењето со Дејви и неговите пријатели од музиката, медиумите и фановите.
Станува збор за песна чиј наслов гласи “Ти и јас”, текстот е во дело на Огнен Неделковски, додека аранжманот на Роберто Поп Димитров.
За видео продукцијата се погрижи добро позантиот “Nickhart”, a како режисер со своја сценографија се потпиша Миле Вратеовски.
Дејви Коцев упатува јавен повик до сите љубители на квалитетната музика, претстојниот четврток резервирајте време за себе си и вашите најблиски, бидете дел од големата промоција на песната “Ти и јас”, ветуваме многу насмевки, љубов и музика во живо.