Тимот на Вардар пред неколку дена ја освои титулата во СЕХА лига, а ракометарите веќе се подготвени за репрезентативните акции. Руските интернационалци веднаш по финалето во Брест си заминаа за Москва, па тамошните медиуми го искористија моментот да им посветат поголемо внимание.

Левото крило со македонски пасош, Тимур Дибиров, меѓудругото беше прашан и за руската колонија во Вардар и за тоа како реагираат Македонците на многуте Руси во тимот.

„Можеби, малку љубоморно. Кога имаш во тимот само двајца Македонци и пет Руси, тоа можеби предизвикува љубомора. Но професионалните играчи немаат националност. Во Вардар, кој беше победник на Лигата шампиони, не ги гледаат пасошите, туку квалитетот на играчите. И кога треба да постигнуваш секоја година добри резултати, не е толку важно, кој ќе ги направи нив – Германец, Шпанец, Хрват, Србин или Русин. Убаво е што има толку Руси во екипата, кои помагаат во делот на адаптација, но тоа е само случајност. Јас, Горбок и Шишкарев одамна играме во Вардар, а Кисељов и Калараш дојдоа годинава. Спортот е така работа, можеби утре во екипата ќе останат само двајца Руси од петмина. На такви моменти не треба да се става акцент“, вели Дибиров за „РИА“.

Дибиров со руската репрезентација ќе игра двомеч со Унгарија од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година, по што ќе се врати во Македонија да ги продолжи активностите со Вардар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here