А можеа да не го загубат компасот 🧭 и успешно да менаџираат со кризата. Додека грaѓаните ги затвораат 80 часа⏳ во карантин, Николовски се луксузира🌅 во Берово, а Шеќеринска и Шилегов се луфтираат🏡 на Маврово. Ова е само потврда за егоизмот кој владее во СДС и дека здравјето на граѓаните кај нив не било и никогаш нема да биде на дневен ред. Уште еднаш го вадат лицемерието на виделина. И секако наместо да шетаат по туристички места можеа да се прошетаат и до Штип и да превземат решителни чекори за справување со вирусот кој забрзано се шири низ градот. Но како и за се друго, така и за Штип, нив баш и не им е многу гајле. За жал граѓаните со оваа власт се оставени на милост и немилост сами да се справуваат со кризата како знаат и умеат. Владеачката елита единствено мисли на задоволување на своите лични задоволства притоа користејќи државни ресурси. Поразите и штетите кои ги доживуваме од ден на ден се се побројни. Затоа, ова на избори мора да се промени. СДС на власт повеќе никогаш не смее да се повтори.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here