Веќе е познато дека пред избори многу нешта и проекти се ветуваат, но во пракса работите си стојат на веќе старото познато место.
Бидејќи вистината е секогаш пред лагата, многу лесно се разоткриваат манипулациите на политичарите.
Само ќе потсетиме дека во изминатиот ден одекна лажен проект за затворен базен во Штип, американска идеја со која Бочварски се пофали пред штипската јавност.
Во моменти на трпение за спасение, додека штипјани ги чекаат проектите од типот на изградба на жичара на Исарот, затворен и отворен базен, Бочварски за ова лето 2020-то понуди решение за разладување на граѓаните во корита наполнети со природно – изворска и дождливо “бистра” вода, лоцирани во центарот на градот.
Штипјани веќе неколку години немаат базен, но сега имаат вистински избор, па ако треба да дадеме поддршка за проектот дома си е дома, тогаш Штип е најдоброто место за разладување ова лето!