Шетањето во природа е живото-загрозувачки за граѓаните, збирките во кафеани исто така, но за гласање на избори ова не важи!

Премиерот Оливер Спасовски денеска порача дека предвремените парламентарни избори треба да бидат фер, демократски, со максимално почитување мерките за заштита против корона вирусот. Според него, изборите се решение за успешно да се излезе од здравствената, социјална и економска криза што е можно само со целосно функционални институции.

„Правото на граѓаните да го искористат своето право на глас, нема да го загрози нивото здравје. Се повикувам на епидемиолозите кои потенцираат дека гласањето не ги изложува граѓаните на ризик ако ги почитуваат мерките. На гласачките места се задржуваме три до пет минути, поомалку од одење во маркет и на пазар, битно е да носиме маски и да држиме дистанца“, рече Спасовски.

Тој порача и дека не смее да има никакви злоупотреби во текот на изборниот процес, посебно не од страна на државните функционери.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here