Поранешниот светски тениски рекет број еден Британецот Енди Мареј, го најави сцоето враќање на тениските терени по опоравувањето од операцијата на колкот. Тој повредата која што ја влечеше со години ја реши со хирушка интервенција и вградување на метален колк и доколку одигра официјален натпревар ќе стене првиот играч кој играл под такви околности.

  • Сакам да продлжам да играм, тука нема никакво сомневање. Повеќе немам болки во колкот. Рехабилитацијата се одвива бавно, но прилично добро. Само треба да почекам за да видам како ќе се одвиваат работите, изјави Мареј.

Трикратниот грен слем шампион и порано соопшти дека има голема желба да заигра на Вимблдон оваа сезона.

  • Сега сум многу посреќен, отколку два месеци пред операцијата. Долго страдав, сега ако е можно би сакал да му се вратам на натпреварувањето, наведе Британецот.

Мареј последниот натпревар го одигра во првот коло на Австралија опен, каде во пет сета беше поразен од Шпанецот Роберто Баутиста – Агут.

Мареј моментно се наоѓа на 218 место на АТП листата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here