Иако во 120 земји во светот, вклучително и во поголемиот дел од Европа, им наредија на своите граѓани да носат маски на јавни места заради вирусот корона, Холанѓаните имаат поинаков поглед на здравствената криза.
Имено, по разгледувањето на податоците и студиите, главните научници на Холандија објавија дека нема цврсти докази за поддршка на носењето маски. Дури доказите укажуваат дека носењето маски може да му наштети на борбата против болеста.
Да се носат маски на јавни места не е потребно, врз основа на сите тековни докази. Нема корист од тоа, но може да има негативни последици – рече Коен Берендс, портпарол на Националниот институт за јавно здравје и животна средина.
Ова е смел, но многу контроверзен став, особено во време кога се зголемуваат загриженоста за „втор бран“ на пандемии во Европа. Минатата недела, Велика Британија им нареди на своите жители да носат маски во продавници и други јавни места, по Шкотска, Шпанија и Франција, како и холандските соседи Белгија и Германија.
Сепак, ставот на Холандија не се заснова на мислењето на жителите, туку на проценката на Тимот за управување со епидемии, група експерти што ја советуваат владата. Првата „пресуда“ против носење маски беше донесена во мај, а од тогаш беше преиспитувана во неколку наврати, последен пат минатата недела.
Тие веруваат дека ова се меша со јасната тројна порака за миење раце, одржување физичко растојание од метар и половина и останување дома ако некое лице има симптоми на Ковид-19.
Единствен исклучок надвор од медицинските установи е јавниот превоз, каде маските се задолжителни заради неможноста да се обезбеди социјална дистанца во преполните автобуси, фериботи и возови.
Видовме дека овој пристап функционира. Маските не треба да се гледаат како волшебна алатка која го спречува ширењето на епидемијата – вели Кристијан Хебе, професор по заразни болести во Мастрихт и член на советнички тим.
Податоците за нивното носење се контрадикторни. Во принцип, мислиме дека мора да бидете претпазливи со маските, бидејќи тие можат да ви дадат лажно чувство на сигурност. Луѓето тогаш мислат дека се имуни на болеста или го прекинуваат социјалното растојание. Тоа е многу негативно – објаснува тој.
Хебе, шеф на контрола на заразни болести во Јужен Лимбург, регионот кој е најтешко погоден од пандемијата, укажува на норвешката студија која покажа дека 200 000 луѓе мора да носат хируршки маски за една недела за да се спречи еден случај на Ковид-19.