Министерот за здравство Венко Филипче, синоќа во разговор за Сител појасни дека патувњата во Грција ќе бидат под одредени сулови за што се подготвува документ. Тој рече дека во наредните денови документот ќе биде испратен до епидемиолозите и на Македонија и на Грција, по што ќе бидат дефинирани сите услови и ќе се финализира.
Во однос на лекувањето на евентуално заразени со корона вирусот на македонски граѓани во Грција и обратно, тоа ќе биде бесплатно, соопшти Филипче, нагласувајќи дека тоа било договорено со неговиот грчки колега на неодамнената средба.
Инаку, како што соопшти Филипче 14-дневниот карантин ќе биде укинат, односно нема да може да се спроведува во ниту една во земјите од регионот, кога ќе се отворат границите.