Поради вонредната состојба во Србија беа откажени снимањата на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Тогаш, „Гранд“ се огласи истакнувајќи дека не знаат точно кога ќе продолжат со снимањата и доколку не се подобри ситуација тие ќе продолжат со снимањата во септември.
Но, бидејќи ситуацијата оди на подобро и денес се укинува вонредната состојба во Србија, „Ѕвездите на Гранд“ продложуваат да се снимаат во мај, а првата епизода ќе се емитува овој месец на 23-ти.
Како што пишува на Инстаграм профилот на „Ѕвездите на Гранд“, прво ќе снимаат кандидатите од Србија, а потоа натрпеварувачите од другите држави.