Заврши увидот на Матка каде синоќа полицајци кои вршеле обиколка во Горна Матка пронашле тело, кое според најновите информации на „Press24„ не било во распаѓање и станува збор за машки труп.

Press24 дознава дека се работи за лице на возраст од 25 до 40 години и се претпоставува дека се работи за насилна смрт, но останува на Судската медицуина да ја открие причината за смрт.

Во моментот се уште се работи на утврдување на идентитетот на жртвата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here