Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје треба да продолжи со поднесување на кривични пријави.

Тој минатата недела беше во обвинителството, но не завршил со поднесувањето, записникот останал отворен и му закажаа термин за денеска.

Боки не успеал да ги поднесе сите кривични, ќе продолжи на 3 јули

Пријавите, како што беше посочено од неговиот адвокат Сашко Дукоски, се за функционери од државните институции, но и за лица надвор од нив. Тој не сакаше да открие конкретни имиња, но наведе оти кривичните пријави се за дела злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура …

Боки на 18 јуни беше осуден со првостепена пресуда на 9 години затвор во случајот „Рекет“ за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а против него се води уште еден процес за предметот „Меѓународен сојуз“, каде е првообвинет за измама и перење пари. Првото рочиште за овој предмет беше закажано за 1 јули, но се одложи поради барање за изземање на обвинителката Вилма Русковска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here