Учебната година најверојатно ќе почне на 1 октомври, изјави денеска манадатарот Зоран Заев пред Собранието по предавањето на програмата на новата влада.
Тој рече дека на првата владина седница ќе биде донесена одлука, а ќе следуваат и законски измени за да може да се одложи почетокот на школската година.
„Школската година нема да почне на 1 септември. Тенденцијата на подготовките поради здравствените протоколи ја носат работата тоа да биде на 1 октомври. На првата владина седница ќе биде донесена одлука, а ќе следуваат и законски измени“, изјави Заев.