Запознајте ги мaкедонците Антон и Силвана Митреви кои се тргнати во мисија да го обиколат светот за една година, а нивната цел е промоција на нашата земја. Проект е наречен „Гушни го светот“, тие патуваат со мотор, носат македонски обележја, делат материјали за промоција на природните убавини во Македонија.
Целта им е светот да види дека на Балканот има една мала, убава земја, со мирољубив и гостопримлив народ.
Нивното патување започнало на 20-ти јуни 2018 година од Скопје, a досега имаат поминато 19 држави. Нивната главна мисија е да бидат првиот македонски мотоцикл кој го заобиколил светот со МК регистарски таблички и со истакнато македонско знаме.