Вевчанска локва или вевчанско езеро се наоѓа на планината Јабланица на околу 2000 метри надморска висина.
Според имформациите што ги имам постојат 4 вакви глацијални езера на Јабланица од кои Вевчанска локва е второ по големина. По тесен асфалтен пат се стасува до селото Горна белица, а од таму имате опции по планинарска патека (околу 7км.) или по пат за теренски возила (околу 10 км. ) да стасате до езерцето кое е на само 1.5 км одалеченост од врвот Црн камен (2257 мнв).
Во слики имате дел од прекрасната природа на патот кон езерото и од црквата посветена на света Петка во Горна Белица која патем беше нашата појдовна точка.