Тешко е да се верува дека корона кризата за газда на произвидство на лекови е добредојдена заради време и дружење со семејството, а не заради заработка на милионски пари добиени од грбот на македонскиот народ.
Сепак, Мукаетов се обрати кон јавноста со поинаков став и уверување дека ваквата пандемија е добредојдена за радување и заедничко дружење со најблиските.
Директорот на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, за Рес публика вели дека пандемијата го променила односот кон семејството, и тоа на подобро. На луѓето им даде време повеќе за разговор и да се грижат едни за други. За бизнисите, пак, вели дека ги натера да се приспособуваат, особено кон неизбежната дигитализација.