Змија преплашила десеттина пациенти изутрината, додека чекале да влезат на преглед во амбулантата во Ѓорче Петров. Стоејќи, во ионака субстандардните услови за еден здравствен дом, змијата влегла изненадно. Сите пациенти во паника излетале надвор.
-Од трчањето дури се преплашивме да не се распадне подот, се обидоа да се пошегуваат пациентите подоцна.
Од амбулантата повикале инспекциски служби, кои практично, не направиле ништо освен што потсетиле дека е „извршен вонреден инспекциски надзор уште во април 2018 година во истиот објект и дека со решение го задолжиле сопственикот ЈЗУ Здравствен дом Скопје за адаптација или реновирање на објектот “. Но очигледно е оти никој ништо не презел.
Дали денешниот „пациент“ можеби ќе ги освести оние кои се најодговорни? Останува да чекаме за да видиме.