Осум од девет општи болници во земјава функционираат со недостиг од лекари специјалисти. Од вкупниот број на специјалисти со кои располагаат дванаесет општи болници – 550, дури 344 од нив, односно повеќе од 62 отсто се над 55 годишна возвраст.

За последниве осум години земјава ја напуштиле 1.200 лекари. Од јануари до март на работа во странство заминале уште 83-ца македонски лекари. Само во првите три месеци од годинава, Лекарската комора на Македонија издала дури 20% повеќе потврди за стручност со која лекарите можат да заминат на работа во странство од истиот период лани. Проблемот е уште пофрапантен ако се знае дека најголемиот број иселени лекари се специјалисти по разни области од медицината. Покрај другото, токму и поради иселувањата на лекарите од македонските болници и поликлиники тие се полупразни. На пример, од потребните 400 гениколози, во моментов во државава активно работат само 144.

Во последниве неколку години македонските медицинари, лекарите и другиот стручен персонал масовно заминува на работа во западните земји. Проблемот не е само се нашава земја. Иселувањето е карактеристично за сите земји од регионов а најпосакуваните дестинации каде што има работа за лекарите и сестрите се Германија, Австрија, Белгија, Словенија и нордиските земји. Проблемите со иселувањето на стручниот медицински персонал од нашите болници и поликлиники најдиректно ја погодува заштитата на здравјето на граѓаните.

Во Лекарската комора на Македонија која е надлежна да издава потврди за стручноста со кои лекарите можат да работа во странство се немоќни.

Проблемот од година во година само се констатира, но владеачките гарнитури не успеваат да се справат со него и тоа со години наназад. Денес речиси и нема болница која не се соочува со недостаток на медицински кадар. Се работи со помалку офталмолози, уролози, ендокринолози, педијатри, гениколози, a најкритична е состојбата со недостиг од анестезиолози. Од надлежните засега само ветувања, но посериозен чекор не се презема.

За оваа тема на Инбокс 7 консултиравме неколку релевантни извори.

„ Недостатокот на специјалисти се должи на несоодветен одговор и несоодветна стимулација на квалитетот. Сето тоа оди заедно, заедно со рушење на нивото на едукацијата, заедно со се полош продукт кој се дава. Откажувањето од моќта и знаењето на искусните професионалци, несоодветна препотентност, препотентноста треба да постои кај професионалци но, интелектуалниот капацитет треба да овозможи да биде објективен, доколку препотентноста не кореспондира тогаш бегате од својата обврска “, вели Алексеј Дума, специјалист по судска медицина, поранешен долгогодишен директор на Институт за судска медицина и криминалистика и поранешен претседател на Лекарска комора на Македонија:
Со надеж да придонесат до подобрување на условите во кои работи здравствениот кадар, граѓански здруженија, асоцијации на лекари и специјализанти, невладини организации и поединци- експерти постојано потсетуваат на ситуацијата во која се наоѓаат лекарите и здравството, појава која негативно се одразува врз пациентите.

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари -АСМЛ, на својата официјална фејсбук страна потсети на некои од загрижувачките факти, што се предмет на незадоволство помеѓу здравствениот кадар. Тие нагласуваат дека Македонија ќе ја заврши 2019 година со околу 4700 активни лекари севкупно, што е за 022% помалку лекари од просекот во ЕУ, иако поголем проблем е катастрофалната дисперзија по региони.
„Околу 200 студенти годишно завршуваат медицински факултет, а ист е бројот на оние кои си заминуваат од земјава. Во периодот 2006-2015, бројот на лекари кои заминуваат годишно се зголемил за речиси 20 пати!“ предупредуваат од Асоцијацијата.

Тие алармираат дека во моментов, во државата се активни само 144 матични гинеколози, иако според бројот на население треба да има минимум 400, како и тоа дека просечна возраст на матичните лекари е 57 години.

Најкритично во Гостивар, Куманово, Прилеп и Охрид

Користејќи го правото на слободен пристап на информации од јавен карактер, Инбокс7 испрати барања до сите 14 општи болници на територијата на Македонија, а добивме одговор од 12 општи болници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here