Премиерот Зоран Заев во интервју за МИА, смета дека вака поставенота законска уреденост на Специјалното јавно обвинителство е добра и дека неговата инкорпорирање во редовното обвинителство ќе значи дека ќе ја гони и сегашната власт.
Тој истакна дека прашањето дали да остане Катица Јанева на чело на СЈО е институционално прашање и е трошката надеж за враќање на правната држава.
На прашањето дали е подготвен да ја смени Катица Јанева тој одговaра:
Апсолутно не. Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време. Треба да ги поддржиме нивните капацитети. Јас ги слушам и критиките од опозицијата, и не дека немам разбирање за нив, но предностите на вака создадена институција, со овие луѓе е навистина голема предност за Северна Македонија.