ЛА Галакси во рамките на 11. коло во МЛС лигата, беше поразен од Њујорк Сити со 0:2.
Сепак, мечот беше одбележан од инцидентот помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Шон Џонсон, голманот на Њујорк Сити.
Во самиот финиш од мечот се случи инцидентната ситуација пред голот на домаќините. Пет минути пред крајот на мечот Ибра погоди пречка, па тоа беше доволно за да биде фрустриран и да си најде жртва. Голманот на Њујорк, дали намерно или случајно (само тој си знае) како да сакаше да удри во нервозиот шведски ветеран, па си го доби своето.
https://twitter.com/mkstnr/status/1127333203432181761