НЕПРАВДА!!!

Наместо правда и слобода донесоа рекет, тортура и омаловажување. Голем броj локални функционери и високи партиски претставници од власта беа учесници во т.н „Шарена револуција“.

Истите тие говореа дека ќе ја вратат правдата и ќе стават крај на криминалот во земјата, притоа воздигнувајќи го СЈО до ниво на совршенство. Денес, состојбата е сосема поинаква. СЈО наместо орган кој треба да носи правда се претовори во главен орган за неправда.

Овој орган е упориште на висока корупција, рекет и алатка за пресметување со политичките неистомисленици.Меѓутоа, еден друг момент е доста значаен во целата оваа ситуација. Истите оние локални лидери и високи партиски функционери на СДС, кои порано гласно зборуваа за СЈО, денес мудро молчат,а прашањето е ЗОШТО?

Зошто не излезат и јавно не го осудат криминалот кој се случува во овој орган? Зошто не излезат од удобните фотелји и повторно да ги фарбат институциите и улиците?

Господо од власта, престанете да ја навредувате колективната интелегенција на овој народ и не заборавајте, се ближи денот кога ќе бидете казнети за оваа неправда.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here