Добро познатата „едносмерна“ улица во Штип, празна и тивка, како никогаш досега. Место каде што лебот го вадат и живеат стотици семејства во Штип. Но, не е само празна и тивка поради настанатата криза со КОВИД-19, има и друга многу поголема причина. Ако се прошета по неа ќе се забележи дека се повеќе дуќани се затворени и испразнети, а оние кои се уште работат се на работ на преживување. Атмосферата потсеќа на времето од транзицијата, кога на оваа иста улица повторно народот го немаше и дуќаните беа празни. И ова е вака бидејќи и тогаш и сега СДС е на власт. Ова е вака бидејќи СДС не мисли на малите и средни бизниси. СДС не го слуша очајниот крик на сопствениците на мали бизниси и ги остава да пропаднат, а со тоа и да останат без егзистенција. Владата предводена од СДС останува нема пред барања за помош од страна на сопствениците на мали дуќани и занечиски работилници. За СДС е сосема небитно дали некој бизнис со децении успешно работел, а сега не по своја вина е принуден да затвори дуќан и да пропадне. За СДС е сосема небитна работа дали илјадници деца ќе останат гладни бидејќи нивните родители останале без работа и сигурна егзистенција. За СДС е сосема небитна „едносмерната“ во Штип, симболот на економијата во градот. И за оваа арамиска расипничка власт на СДС е сосема небитно дека се затвораат продавници за продажба на текстил, угостителски објекти, туристички агенции, пиљари, маркети, тобака и сл. Народот нема леб да вади од пресовите на Филипче и неговите непрецизни и небулозни статистики, небаре прогнозира какво ќе биде времето за наредниот период. Секако се покажа дека и тоа што тие го нарекуваат „мерка“ нема никаков ефет и е претворено во контра-мерка, наместо да спречува допринесува за дополнителни проблеми на граѓаните. И можеби повторно ќе излезат и ќе кажат дека сега не е време за политика. Да, не е време за политика, но сега е време кога гласно треба да се зборува за она што се случува и што доживуваат граѓаните. СДС секако нема овие повици и гласови да ги слушне, тие и онака одамна не го слушаат гласот на народот. Аздисаноста и препотентноста нивна не доведе до ова дереџе да немаме слободна и сигурна иднина. Затоа, сега е време кога секој поединец е битен. Сега е време кога треба гласно да се зборува дека е потребна помош за македонската економија, посебно за млаите и средни претпријатија. Реална помош, сега и веднаш! За да не биде предоцна.
Почетна Настани на денот Локални Вести Иван Јорданов : “Едносмерната” улица го претставува економскиот крах на државата и...