Иван Јорданов, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, преку своја анализа ја разоткри мисијата на власта во Македонија и порача:
“Им требаше вонредна состојба за себе, не и за народот.
За време на вонредна состојба:
-Го пуштија на слобода главниот рекетар
-Ја зголемија акцизата за горивата за 3 денари
-Избраа свои партиски судии
-Исплатија плати на веќе непостоечкото СЈО
-Се ангажираат партиски војници и се трошат пари за привремени вработувања
-Во буџетот наеднаш снема над 2 милјарди евра
-Се користат социјално ранливите категории на граѓани за спроведување на партиски поткуп изведен од страна на СДС.
-Мерките на Филипче се за лична себепромоција, не и за реална заштита на граѓаните. -Македонија стана лидер во регионот во бројот на заразени здравствени работници, само поради тоа што немаат или ненавремено ја добиваат заштитната опрема.
– Оставаат илјадници работници на улица поради губење на своите работни места, со изговор дека доколку денес ги отпуштиле од работа можеби утре ќе најдат нова.
– И секако, вонредната состојба не го спречи градоначалникот на Штип да троши пари за цвекиња и пијалоци за Општина Штип.
Со неспособност дојдоа на власт, со неспособност и ќе си заминат.
СДС докажано е партија за правење хаос во државата. За општото добро на народот е побрзо да заминат од власт и никогаш повеќе да не се повторат”.