Штипјани ги бранува страв и трепет од моменталната ситуација во конфекциите, КОВИД-19 тропа на голема врата и најавува опасност за загрозување на здравјето и животот на граѓаните.
На својот ФБ профил на оваа тема се обрати Иван Јорданов, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.
Штип е ново жариште на Корона вирусот.
Причините очекувани …
Издадоа дозволи за работа во време на полициски час за илјадници конфекциски работници.
За сите сектори и граѓани важеа препораките и опасноста од Корона зараза, освен за конфекциските работници.
Забранија превоз на повеќе од 3ца во автомобил, а дозволија автобуски превоз на вработените во конфекција.
Кога предупредувавме да ги заштитите конфекциските работници и да го регулирате превозот, глумевте величина и власт.
Ќе сноси ли некој одговорност за ова или ќе славите победа над вирусот?
За крај, вашата безидејност и лицемерие оди дотаму, да делите маски на тие што ги шијат.