Исламската верска заедница (ИВЗ) во писмо испратено пред два дена до Владата напишала дека е против зголемување на полицискиот час за претстојниот празник Рамазан Бајрам, кој годинава е на 24 мај (недела). Исто така, ИВЗ најавила и дека нема да ги откаже молитвите за празникот.
Писмото вечерва го објавија ИВЗ и реисот Сулејман Реџепи на неговиот Фејсбук-профил.
Неговото објавување доаѓа откако денеска министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека Комисијата за заразни болести предлага за претстојниот продолжен викенд, кога покрај Рамазан Бајрам, се празнува и Св. Кирил и Методиј, полицискиот час да започне во сабота во 19 часот и да заврши во вторник во 5 часот.