Во пресрет на претстојниот празник Рамазан бајрам, Исламската верска заедница (ИВЗ) соопшти дека Ријасетот ја откажал традиционалната централна манифестација.

Исто така, оттаму објавија и мерки за заштита од ковид-19 меѓу кои препорачуваат за молитви што повеќе да се користат дворовите на џамиите, секој верник да си носи лично сеџаде, при влез во џамиите да се прави дезинфекција на рацете или да се носат ракавици. Тоалетите и местата за земање абдест ќе бидат затворени.

Мерките за заштита, нагласуваат, треба да се спроведат во секоја џамија. Списокот се состои од следните мерки:

Сабах намаз да се извршува дома;
Извршувањето на намазот на Фитр бајрам да не биде подолго од 15 минути;
Максимално да се избегнат поздравите со физички контакт;
Откажување од посета на гробишта;
За време на Фитр бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку;
Дезинфекција на џамии;
Задолжително носење маска;
Чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици;
Секој верник треба да има лично сеџаде;
Што повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите;
Меѓу верниците да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе;
Забрането е престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата;
Абдест да се зема дома – абдесхањата и тоалетите ќе бидат затворени;
Објавувањето на мерките доаѓа откако вчера ИВЗ и нејзиниот поглавар, Сулејман Реџепи, објавија писмо до Владата дека не се согласуваат со построг полициски час, како и дека немаат намера да ги откажат молитвите.

Предлогот за полициски час на Комисијата за заразни болести за претстојниот продолжен викенд е тој да почнува в сабота во 19 часот, а да заврши во вторник во 5 часот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here