Комисијата за заразни болести утре ќе дискутира за евентуално затворање на северната граница со Србија и Косово, најавија здравствените власти.

„Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји. Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија“,

велат од Министерството за здравство.
Каква ќе биде одлуката, велат, ќе ја соопштат по состанокот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here