Во близина на Штип изгоре автобус кој превезувал ученици на екскурзија. Повредени патници нема.

Немилиот настан се случил денеска околу 10.20 часот. Во автобусот имал околу 40 ученици од трето одделение кои заминале на настава во природа во штипското село Пиперово.

Наставниците и возачот на автобусот забележале дека автобусот чади, по што веднаш учениците излегле од автобусот и заминале кон селото, а возачот ја алармирал противпожарната единица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here