По низа тизери, најави и предизвикувачки кадри, конечно го добивме и официјалниот трејлер за осмата и последна сезона на мегапопуларната ТВ серија „Игра на тронови“. Трејлерот е тензичен и провокативен, како што беше и очекувано.
Во оваа дологометражна верзија ги гледаме сите ликови во различните ситуации кои ќе ја отсликаат финалната сезона: битките за победа. И додека Ајра и Санса за првпат здогледуваат змејови, пред портите на Вестерос се појавува “смртта“. Серијата изгледува на 14 април.