Поради сообраќајна незгода патниот правец Скопје Велес е ставен во прекин.
Ова го соопштија од Автомотосојузот на Македонија од каде посочуваат дека незгодата се случила 15 минути по 13 часот на само 2 километри по патарината Петровец.
Токму тоа е причината тој патен правец да се пренасочува за возење по стариот пат.