Пред самиот почеток, како би се опишал Владимир Тодоровски пред нашата читателска публика, кој е Владимир – кратко CV?
Јас би се опишал како 19 годишник, полн со енергија и идеи кој има интерес во уметничката култура особено во танцот и глумата.
Денес социјалните мрежи се особено актуелни, што најчесто објавуваш и кој е главниот мотив и порака кои сакаш да ги испратиш на твоите следбеници?
Исто така фотографијата ми претставува хоби. Колку што можам се трудам моите фотографии да изгледаат убаво и да пренесуваат некаква порака,а пред се имаат значење лично за мене.
Дали веруваш во суеверие, што правиш пред настап и публика, како се мотивираш?
Како што спомнав се занимавам со танц и глума, иако често сум на сцена, сепак немам некое суеверие да ми ја намали тремата, туку сум тимски играч и секогаш се трудам да ширам позитивна енергија пред самиот настап, така што и самиот ја побивам тремата.
Во нашава земја низ локалите ретко може да се види младите да играат и да се забавуваат, веројатно се срамат и најчесто се на мобилни телефони, како ти би ги поттикнал, колку често Владимир знае да го покаже својот талент и да заигра низ ноќните клубови?
Да, тоа е точно дека поголемиот дел од младите се срамат како играат или велат дека не знаат да играат. Но според мене секој од нас има посебен стил на забавување исто така и на танцување и не треба да се грижат како изгледа нивното забавување, туку да уживаат во него. А мене секогаш ќе ме најдете како го пратам ритамот на музиката.
Модерниот танц бара физички подготовки, дали внимаваш и применуваш посебен режим на исхрана?
Омилено јадење?
Да модерниот танц бара доста физичко спремање, а исто така и психичко, но тоа се стекнува пополека со тек на време. Јас лично немам некој посебен режим на исхрана, но на часовите по танц се трудам секогаш да го дадам максимумот. Обожавам секаков вид на морска храна.
Охрид е градот во кој живееш, многу ќе ти подзавидат, но колку тебе ти значи Охрид .. дали би го променил со некој друг град од Македонија?
Па не би го заменил со ниеден град во Македонија бидејќи е вистински посебен, а и тоа е градот во кој сум израснат.
Во чија музика уживаш, кој музички правец особено ти нуди инспирација?
Уживам најчесто во бавна и тивка поп музика, додека најмногу ми буди инспирација хип хоп музиката.
Во слободно време, што повеќе обожавате, да направите позната “кафе” шема низ градот, или пак гледање филм, а можеби и читање книга?
Сепак неможам да кажам кое конкретно. Кафето ми е добро поминато време со пријателите, додека читањето книга, гледањето филм слушањето музика ми е одвоено време за себе.