Ајде пред самиот почеток, кратко како би се опишал Дамјан Стоименовски пред нашата читателска публика, кој е Дамјан – кратко CV?

Јас сум Дамјан Стоименовски од М.Каменица, учам во Скопје во СЕПУГС “ Васил Антевски Дрен” и имам 19 години. Уште од мал почнав да се занимавам со глума и со пеење, па често глумев и пеев на манифестации. Имам учествувано на многу државни натпревари по пеење и имам освоено многу награди.

Социјалните мрежи се особено популарни низ светот, колку си активен ти и која апликација најмногу ја користиш?

Со оглед на ситуацијата што ни се случува сега можам да кажам дека постојано сум на социјалните мрежи. Најчесто користам TIKTOK и Instagram.

Што најмногу објавуваш на Инста и Фејсбук, кој е твојот мотив кој сакаш да го упатиш кон твоите фанови и следбеници?

Најчество објавувам фотографии од мене и видеа како пеам. Мотивот кој што сакам да им го упатам e дека ако нешто сакаат силно, ќе успеат, само треба да имаат желба, визија и цел.

Дали веруваш во суеверие, што правиш пред настап и публика, како се мотивираш?

Во суеверие не верувам, пред настап се распејувам и опуштам.

Со каква музика ја пробиваш тагата и ја наоѓаш среќата и љубовта?

Тагата ја пробивам со R&B DancePop песни, најчесто од поновите. Ме расположуваат и ме тераат да заиграм бидејќи се доста ритмички. А кога сакам да пронајдам и мислам на љубов слушам стари балади.

Кој е твојот коментар за македонската музичка сцена … тапкаме во место, младите тешко се пробиваат или …?

Па мислам дека сме на добар пат, бидејки секој ден излегуваат нови пеачи и имаме поголема поддршка од медиумите.

Наброј три женски омилени вокали од македонската музичка сцена? (Која би била на врвот, а која на третото место)?

Би ги издвоил Калиопи, Тамара, Каролина, меѓутоа има и други кои што го носат епитетот најдобри. Ова што барате од мене е тешкоо,  неможам да ги рангирам бидејќи сите се прекрасни вокали со долги музички кариери.

Од светската музичка сцена на кого се угледуваш, Џастин Бибер, Ед Ширан или Сем Смит ?

Неможам да издвојам ниту еден бидејќи секој си е посебен на свој начин … и јас сакам да си изградам свој стил.

Што значи за тебе музичка ѕвезда во денешниот модерен свет, дали на прво место би ја сместил убавината и минимално познавање од пеење, или пак квалитетно – вонсериско пеење и минимална убавина?!

Во денешно време за некој да биде ѕвезда мора да поседува најправо глас, харизма, да биде посебен и да има мислење за секакви теми.

Твоја омилена фотографија?

Најубава девојка од јавната сцена во Македонија со која би сакал запознавање и дружење …?

Ги има многу што се убави,а за дружење повеќе би се дружел со српските пеачки.

Кој е вашиот идол, ваша ѕвезда водилка?

Имам многу, како од домашната така и од светската сцена, но сепак моја ѕвезда водилка се моите родители.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here