Пред самиот почеток, како би се претставил Филип Манџуковски пред нашата читателска публика, кој е Филип – кратко CV?

Здраво на сите. Јас сум Филип Манџуковски имам 19 години, веќе подолго време се занимавам со манекенство во Modelsin под раководство на Алек Наумовски.

Јас сум од Скопје поточно општина Чучер-Сандево, моментално невработен :D. Благодарам за ова интервју.

Твојата генерација веројатно те препознава, но еве за македонската јавност ќе напомениме дека се занимаваш со фотосесии за модни списанија, како дојде до вака соработка?

Пред се дознав од еден пријател каде што со него дискутиравме како одат работите и бев заинтересиран, преку него добив контакт и го исконтактирав Алек Наумовски основачот на MODELS IN, ми понуди соработка сега сме таму кај што сме.

Во период кога социјалните мрежи се особено популарни низ светот, колку си активен ти и која апликација најмногу ја користиш?

Па вака, пробувам да не седам премногу на социјалните мрежи бидејки сметам дека подобро е да живееме во реалноста. Најмногу користам Instagram и Youtube.

Што најмногу објавуваш на Инста и Фејсбук, кој е твојот мотив кој сакаш да го упатиш кон твоите фанови и следбеници?

Најчесто објавувам слики од мене, моите пријатели заеднички фотографии, исто така да не ги заборавам моите миленичиња кои ги чувам.

Која е твојата желба за главно занимање во периодот кој следува, модел кој ќе дефилира низ модни писти или … ?
Како почнува еден твој обичен ден, а како завршува?

Во периодов кој следува се гледам како модел низ модни писти и се трудам да остварам соработка за да бидам заштитно лице на некој бренд, секако со помош од мојата модна куќа каде што сум.
Да бидам искрен мојот ден започнува со мрза додека се си дојде во нормала, се мијам доручкувам и после седам на Instagram. A вечерта најчесто сум излезен и останувам до касно со моите пријатели …

Каква музика те инспитира и мотивира, што обожаваш да слушаш?Најдобар пејач/ка во Македонија и светот?

Јас слушам претежно трап музика, понекогаш знам да пуштам и хип хоп или рап, музиката не ме инспирара барем засега, но уживам во неа … целиот ден ми поминува со музика.
Најдобра пејач/ка ми е Влатко Лозановски, а во светот Eminem ,Jay Z и Drake.

Дали имаш омилен лик од светот на модата?

Па сега за сега немам некој идол од светот на модата, сакам да бидам свој самиот на себе да си бидам идол.

Твоја најомилена фотографија?

Па имам многу омилени фотографии, не е една, не сум од тие што не се сакаат себеси, нормално со граница.

Каде обожаваш да патуваш низ Македонија, а каде сакаш допрва да патуваш низ Европа и светот?

Во Македонија обожавам да патувам низ Охрид, според мене тоа е едно од најдобрите места за посета во Македонија, секако има и други но според мене е Охрид. А во светот имам желба да патувам до Лос Анџелес, исто така и во Лондон или Париз.

Според тебе, дали Македонија нуди светла иднина за млади модели кои допрва ќе ја градат својата кариера во сопствената земја?Дали следиш спорт и дали живееш спортски?

Според мене Македонија нуди светла иднина за младите, но пред се секогаш е најбитно да се покажете пред останатите за да тие ве приметат и да оставите нешто свое , да бидете свој колку што можете, бидејки се почнува од вас и од тоа како ќе се покажете, и да не заборавам премногу труд.
Да јас следам спорт, највеќе фудбал или боречки спорт, па да може да се каже дека живеам спортски.

Кој е твојот идол, ваша ѕвезда водилка?

Моите идоли пред се’ се моите родители, па потоа се гледам самиот јас како идол!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here